Новите телефони имплементираат голема количина RAM меморија, посебно кога станува збор за модели од премиум или горниот сегмент, и тоа е воглавно доволно. Причината е тоа што програмерите генерално треба да ги прилагодат и оптимизираат апликациите за да ги искористат предностите на она што е веќе достапно. Сепак, постојат и некои исклучоци.

На понапредните корисници, кои користат голем број напорни апликации, им треба повеќе RAM меморија и би можеле да бидат заинтересирани за претстојниот OnePlus 9RT телефон. Според информациите од промотивниот материјал што се појави, една од карактеристиките на OnePlus 9RT е тоа што доаѓа со 7GB виртуелна RAM меморија.

Ова е додаток на 8 GB физичката LPDDR5 RAM меморија што смартфонот веќе ја има. Ова значи дека, барем на хартија, телефонот ќе понуди 15 GB RAM меморија за употреба. Треба да се напомене дека виртуелната RAM меморија користи простор за складирање на уредот за да го компензира недостатокот на физички капацитет на RAM меморијата, така што разликите во брзината ќе се почувствуваат и корисникот ќе има помал простор за складирање.

Се претпоставува дека корисниците ќе можат да изберат дали сакаат да ја користат или не оваа виртуелна RAM меморија, во зависност од своите потреби.