Сите фанови на Аpple со нетрпение ја очекуваат премиерата на годинашните смартфони на компанијата. Се очекува до крајот на есента да видиме три уреди, од кои два од нив ќе имаат OLED дисплеи, а третиот модел ќе биде со LCD екран. Според податоците, смартфоните ќе бидат опремени со FaceID системи, со кои ќе се обидат да го привлечат вниманието на корисниците. Аналитичарите од TrendForce изразија сомневање дека Apple ќе успее да реализира повисоки продажби во однос на минатата година.
Главната причина за тоа ќе биде премногу високата цена, по која ќе се продаваат смартфоните на глобалниот пазар. Корисниците кои сакаат да го имаат најскапиот модел од серијата, за 6.5-инчниот смартфон со OLED дисплеј,ќе треба да платат околу 1.000 долари. Токму тоа ќе биде наследникот на iPhone X, кој сите со нетрпение очекуваат да го видат.
Вториот најскап модел од серијата ќе биде 5,8-инчниот модел кој повторно ќе биде опремен со OLED дисплеј. Плановите на компанијата предвидуваат пазарна цена од околу 900 долари.
Третиот модел ќе генерира околу 50% од продажбата на Apple во текот на годината или барем такви се очекувањата на компанијата. Атрактивниот 6.1-инчен модел ќе биде со LCD екран и ќе може да се купи од корисниците за 700 – 750 долари – вредност, која ќе му гарантира најсериозни шанси да се натпреварува со атрактивните уреди со Android кои ги видовме на почетокот на годината досега.