Yahoo објави голем редизајн на својот бесплатен мејл сервис, а ја претстави и новата “Yahoo Mail Pro” опција на претплата.

Новиот кориснички интерфејс е повеќе минималистички и подобро му одговара на дизајнерскиот јазик на кои луѓето веќе навикаа на другите модерни сервиси. Дизајните на скиновите, вклучувајќи ги и оние кои ќе се менуваат секојдневно, исто така се достапни.

Покрај дизајнот, Yahoo ги ажурираше и можностите за пребарување, овозможувајќи им на корисниците да ги пребаруваат содржините користејќи комбинација на имиња, клучни зборови и датуми.

Покрај објавата на новиот дизајн и промената на функциите, Yahoo о претстави и новиот Pro сервис. Тој ќе чини 35 долари годишно, или 3,49 долари месечно и ќе доаѓа со услуга без реклама. Мобилната опција е достапна за 10 долари годишно, односно долар месечно.