Креаторите на апликацијата WhatsApp размислуваат да го ограничат проследувањето на пораките поради загиженоста за приватноста и сигурноста. Официјално е потврдено дека ќе бидат извршени тестирања.
Помеѓу причините за воведување на новите мерки се загриженоста за сигурноста и ширењето на дезинформации на платформата. Тестирањето следуваше по серијата пораки за линчување на маж во јужна Индија поради киднапирање. Група луѓе го убиле откако преку WhatsApp се прошириле лажни пораки.
WhatsApp соопшти дека корисниците во Индија, на неговиот најголем пазар, забележале ограничување на пет истовремени четови, додека во остатокот од светот ограничувањето ќе биде на 20 истовремени четови.
“Веруваме дека овие промени кои се уште ги проценуваме ќе му помогнат на WhatsApp да остане приватна апликација за допишување”, се вели во соопштението.