Daisy е робот на компанијата Apple, конструиран за рециклирање на постарите iPhone уреди, со цел драгоцените материјали повторно да се вратат за производство.

Роботот е оспособен да ги извлекува компонентите од девет различни iPhone модели, а успешен е таму каде што не биле традиционалните начини на рециклирање, што влијае целиот процес да биде далеку поефикасен. Daisy може да расклопи 200 телефони за еден час, што е брзина која не може да се мери ниту со еден претходен модел.

Рециклажата е пријателски настроена кон планетата земја, но и кон компаниите на кои им донесува добивка. Извлекувањето на компонентите од уредите кои го предаваат корисниците му штеди пари на производителот, но и ресурси кои и онака ги има се помалку.