Компанијата Garmin која е позната по креирање на фитнес часовници и GPS уреди, веќе неколку дена има проблеми со својот сајт и глобалните call центри, откако претрпе ransomware напад, кој доведе до тоа податоците на компанијата да бидат заклучени.

Garmin на својот сајт и Twitter објави извинување до корисниците, а најавено е дека во текот на викендот ќе биде одработено ажурирање за да се следат остварените перформанси.

Засега не е познато дали нападот довел до компромитирање на корисничките податоци, се наведува во извештаите на медиумите. Покрај споменатите сервиси, не работеше ни flyGarmin – веб сервис кој ја поддржува опремата на компанијата за навигација на авиони.

Извештаите наведуваат дека во прашање е ransomware нападот WastedLocker, кој од жртвите бара откуп во Bitcoin, за да се „ослободат“ заклучените содржини.

Garmin преку своите социјланите мрежи ги извести и советуваше корисниците за тоа како да ги сочуваат своите податоци.