NASA планира да воспостави мала вселенска станица во орбитата на месечината пред 2025та година. Оваа станица ќе служи како пристаниште за следните мисии на месечината да бидат поизводливи.
Тоа што се случи на комрцијалната ракетна индустрија тоа ќе се случи и со лунарната индустрија предвидува Боб Ричардс од компанијата Мун Експрес.
Мун Експрес е основана во 2010та, со цел за истражување и ископување ресурси на месечината. Компанијата се труди да го намали трошокот за роботски лунарни месечини, како и за трајна посетеност од астронаути.
Овие новости се дел од новиот план на Американскиот претседател Доналд Трумп кој во 2017та потпиша наредба астронаутите на NASA да се вратат на месечината.
NASA ќе работи со Мун Експрес и планира во 2019та да започни со носење на научна опрема на месечината.
Поврзани артикли