Договорот е за 100 возила, a лидер е Hermes со 1.500 возила

Гигантот за онлајн трговија Amazon изрази поддршка за новиот електричен минибус Mercedes eVito, откако нарача 100 возила за базите на Amazon Logistics во Бохум и Дизелдорф, Германија.

Новата „електрична играчка“ на брендот ќе биде официјално презентирана во Франкфурт во септември, а нејзината цена во Германија започнува од 39.990 евра без ДДВ. Заедно со минибусот, Mercedes до Amazon ќе достави и станиците за полнење за 100 возила.

Сепак, нарачката на Amazon се уште е далеку од договорот на Mercedes со Hermes, 1500 електрични автомобили, а во таа бројка влегуваат eVito и новиот eSprinter, чија испорака ќе започне во 2019 година.

Вистинската километража на eVito е 100 километри со единечна 41,4 kWh батерија, на поголемиот eSprinter е 115 километри со батерија од 55 kWh. Идеално, опсегот на двата минибуса може да се зголеми до 50%.