Швајцарската федерална власт на провајдерите им одобри активирање на 5G мрежата, така што во следните денови се очекува посетепено ширење на оваа долго очекувана технологија. Сепак, швајцарските власти паралелно со тоа воведуваат и надзор за да го следат можното штетно делување на 5G мрежите на граѓаните.

Како што е соопштено оваа недела, федералната агенција за околина ќе ги мери нивоата на нејонизирачка радијација, ќе ја проценува потенцијалната опасност и за тоа редовно ќе ја известува јавноста.

Одлуката за мониторингот доаѓа откако швајцарските кантони се побунија поради монтирање на антени за 5G, кои чинеа вртоглави 377 милиони долари.

Ројтерс пишува дека дури половина граѓани на Швајцарија се плашат од новата технологија, која ќе овозможи подобра интернет поврзаност на уредите, па дури и автомобилите. Постои страв дека 5G би можел да има влијание на здравјето, а владата во Берн овој страв го сфати многу сериозно.