Секс роботите во изминатите неколку години станаа прилично напредни и практично секојдневно се повеќе и повеќе се усовршуваат за корисниците да добијат „реално доживување“.
Сепак, иако секс роботите се направени првенствено да ги задоволат сексуалните желби на своите сопственици, тие наскоро би можеле да бидат програмирани за да одбијат додворување, стои во неодамна објавеното истражување.
Шпанскиот инженер Серџи Сантос кој што стои зад развојот на еден од најновите модели на сексуални роботи на пазарот, опишувајќи го својот „љубовен робот“ со име Саманта, изјави дека „Саманта е создадена за нејзиниот сопственик да има секс со кого ќе посака“.
Сантос објаснува дека роботот ќе биде унапреден и ќе пристигне со „романтичен и семеен мод“.
Сепак, тој се премислил, па како што пренесуваат британските медиуми, неговиот секс робот наскоро ќе може да каже „Не“ доколку на пример, сопственикот го допрена непримерен или агресивен начин.
Новите „модови“ на секс роботот Саманта биле прикажани на неодамнешната презентација во “Life Science Center” во Њукасл.