Вештачката интелигенција има потенцијал за забрзување на прогресот на глобалните развојни цели, но исто така поставува низа комплексни предизвици, меѓу кои етичките прашања, човекови права и безбедносни ризици, посочија говорниците во Обединетите нации (ООН) на настанот одржан минатата недела каде еден од панелистите беше робот.

Момент кој привлече силен аплауз на настанот „The future of everything – sustainable development in the age of rapid technological change“ ( Иднината  – одржливи развој во ерата на брзи технолошки промени) беше разговорот на роботот Софија со Амина Џ. Мохамед, заменик генерален секретар на ОН. Погледнете го видеото во продолжение: