Ема Харука Ивао, вработена во компанијата Google постави нов рекорд и пресмета 31 билион децимали од бројот Пи.

Досегашниот рекорд беше 22 билиони децимали. Со бројот Пи се изразува односот меѓу обемот и дијаметарот на кругот и изнесува 3,14, но зад него има бесконечно голем број децимали. Јапонката успеа да го пресмета бројот со 31 билион децимали, благодарејќи на услугата на Google, Cloud.

За поставување на нејзиниот светски рекорд во најдолга пресметка на вредноста на „Пи“ таа користела 170 терабајти податоци (за споредба 200.000 песни зафаќаат простор од 1 терабајт) и 25 виртуелни машини, а пресметката траела 121 ден.

„Се чувствувам изненадено“, изјави Ајвао за нејзиниот успех. „Уште се обидувам да се прилагодам на стварноста. Поставувањето на овој светски рекорд беше навистина тешко“, додаде таа.

„Нема крај со Пи, но би сакала да се обидам да дојдам до пресметка со уште повеќе цифри“, вели таа за BBC News.