Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ФБИ ја истражува љубовната афера помеѓу извршниот директор на „Nvidia“ и жена за која постои сомневање дека е кинески шпион, пренесува Би-Би-Си.
Трамп рече дека вчера разговарал со Џенсен Хуанг, откако во медиумите се појавија информации дека американските разузнавачки служби процениле оти тој бил цел на кинеска шпионска операција.
Trump says he spoke to Jensen Huang today and “he said he had absolutely no idea that the person in question was a spy. And I really believe him.” https://t.co/Az1Z1y3eMv
— Aaron Rupar (@atrupar) November 9, 2026
Пекинг ги отфрли тврдењата дека Хуанг бил цел на разузнавачка операција. Министерството за надворешни работи на Кина изјави дека обвинувањата се „целосно неосновани, паушални и имаат за цел да ја оцрнат Кина“.
„Nvidia“ започна независна истрага за случајот во кој е вклучена Алис Хуанг, која е осомничена за шпионирање за Кина. Од компанијата изјавија дека немаат причина да веруваат оти корпоративните тајни или националната безбедност се на кој било начин загрозени.
Загуба од 250 милијарди долари за еден ден
„Nvidia“ е втората највредна компанија во светот, веднаш зад „Apple“. Таа произведува компјутерски чипови кои станаа темел на целата технологија за вештачка интелигенција. По јавното обелоденување на деталите за овој случај, акциите на компанијата во понеделникот паднаа за повеќе од 4 отсто, при што „Nvidia“ изгуби приближно 250 милијарди долари од својата пазарна вредност за само еден ден.
Трамп подоцна им потврди на новинарите во Белата куќа дека ФБИ се вклучило во случајот, но одби да даде детали за истрагата или прецизно да наведе кога таа започнала. Од ФБИ одбија да коментираат на прашањето упатено од Би-Би-Си.
Според „Њујорк тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека Алис Хуанг – позната и како Хуанг Ле – дејствувала како шпион за Пекинг. Таа не е во роднинска врска со Џенсен Хуанг.
Истиот весник пренесува дека Марко Рубио, кој сега е државен секретар на САД, минатата пролет испратил допис до високи функционери во Вашингтон, предупредувајќи ги дека првиот човек на „Nvidia“ имал блиски врски со кинески шпион.
Директорка во компанија што соработувала со „Nvidia“
Алис Хуанг била на раководна позиција во фирмата „Megaspeed“ со седиште во Сингапур, која директно деловно соработувала со „Nvidia“.
Q: To follow up, when were you first told of these potential issues with Jensen Huang? You didn’t answer that question
TRUMP: Uhhhhh, not too long ago
Q: When is that?
TRUMP: We’ll look into it. I think he will be in good shape. https://t.co/RLdYWVNViF
— Aaron Rupar (@atrupar) November 9, 2026
Во вторникот, канцеларијата на „Megaspeed“ во деловниот кварт на Сингапур работела вообичаено, а вработените биле присутни на своите работни места. Обезбедувањето го спречи тимот на BBC да пристапи до катот каде што се наоѓа канцеларијата; сепак, еден вработен, контактиран по телефон, изјави дека компанијата нема коментар и ги упати сите прашања до нивниот оддел за односи со јавноста. BBC, исто така, испрати неколку прашања по електронска пошта до раководството на Megaspeed.
Nvidia, чиј соосновач е Џенсен Хуанг, се наоѓа во самото средиште на технолошката трка меѓу САД и Кина за развој на вештачка интелигенција. Вашингтон го смета извозот на напредните чипови на Nvidia во Кина за клучно прашање од националната безбедност – што е и главната причина зошто овој случај предизвика толкава загриженост.
Тужба од акционери против извршниот директор и компанијата
Покрај тоа, во понеделникот во Калифорнија беше поднесена колективна тужба против Хуанг и Nvidia. Акционерите ги обвинуваат за измама, тврдејќи дека ги прикриле врските на Хуанг со лице за кое постои сомневање дека е кинески шпион.
Во тужбата се наведува дека компанијата ги излажала медиумите во врска со односот помеѓу Џенсен Хуанг и Алис Хуанг, која е „осомничена за обид да помогне во шверцувањето на производи на Nvidia во Кина“. BBC побара коментар од Nvidia во врска со оваа тужба.
