Од Турција ни пристигнува една навистина интересна сторија за колекционер на мобилни телефони. Сахабетин Оџелик собира вакви уреди веќе две децении, а досега има повеќе од илјада телефони.

Како што раскажува за турските медиуми, тој повеќе од 20 години се занимава со поправка на мобилни телефони, а хоби му е собирање на телефони. Инаку, неговата колекција денеска би била многу поголема доколку крадци во 2018-та година не му украле околу 700 телефони.

„Ме интересираа мобилните телефони, па одлучив да почнам да ги поправам. Потоа почнав да ги собирам. Сите телефони од мојата колекција работат, но многу од нив повеќе не се произведуваат“, изјави Оџерлик.

До примероци на најразлични телефони доаѓал на најразлични начини – некои ги купил, а некои едноставно му ги подарувале сопствениците кои повеќе не сакале да ги користат.

„Некои од моделите се многу ретки. Луѓето доаѓаа да ги откупуваат за многу пари, но не сакав да ги продавам. Не е лесно сите да ги одржуваате, но се трудам да ги сочувам во што е можно подобра состојба“, изјави Оџерлик.

Извор: B92.net