Fujifilm го претстави GFX50S II, кој претставува најдостапен фотоапарат од среден формат досега. Иако почетната цена на моделот е 3999 долари, тој е значително поевтин од другите камери од среден формат на пазарот.

GFX50S II има 51.4MP сензор од среден формат (дијагонала од 55мм), што е околу 1,7 пати поголем од традиционалните сензори од 35мм во овој ценовен ранг. Покрај тоа, уредот има и (in-body image stabilization) во пет оски, како и Pixel Shift Multi-Shot функција што го поместува сензорот помеѓу две снимки за да комбинира и креира фотографии од 200MP.

fujifilm2_2.jpg
Fujifilm GFX50S II поддржува автофоксу со фазна детекција и детекција на окото. Снимањето на видео е ограничено на 1080p. Покрај наведеното, фотоапаратот има 1,8-инчен LCD од горната страна, 3.2-инчен главен LCD и куќиште од легура на магнезиум.

Почетната цена на GFX50S II фотоапартот изнесува 3999 долари, без објектив, додека 4499 долари ќе бидат потребни за купување на уред со sa GF 35-70mm F4.5-5.6 WR објектив.