Социјалните мрежи Facebook и Тwitter синоќа објавија дека ги менуваат своите правила за политичко рекламирање.
Тwitter соопшти дека од сега огласувачите на политички реклами во САД ќе треба да се идентификуваат и да докажат дека се наоѓаат во земјата, со доставување на адреса за коресподенција.
Новите правила ќе се однесуваат на сите реклами чии содржини би можеле да влијаат на изборни разулати или на политичкото расположение.
Слични мерки за проверка на идентитетот претходно веќе воведоа и Google и Facebook.
Дополнително, Facebook синоќа објави и дека го зголемува обемот на барања за објавување на раклами кои се однесуваат на општествени прашања, како на пример контролата на оружјето или абортусот, дури и ако тие не се насочени кон поддршка на одреден кандидат на избори.
Кога корисниците ќе кликнат на таква реклама на Facebook ќе бидат пренасочени на страница на која се нудат дополнителни информации, меѓу кои и колку луѓе ја виделе и кој платил за нејзино објавување.