Android како систем има тенденција да ги кешира фајловите од своите апликации и на тој начин, во позадина и без ваше знаење зазема на некои модели на телефони драгоцена внатрешна меморија. Се работи, за фотографиите и видеата од посетите на сајтовите или користењето на апликациите секој пат кога ќе посетите некој сајт, страница или ќе влезете во апликација. PhoneArena тврди дека ако ги избришете овие фајлови, не само што можете да одлободите дополнителна меморија, туку и да го забрзате својот Android телефон.

За да ги избришете кешираните фајлови, одете на SettingsStorage и во рамките на секоја од категориите (Photos & videos, Music & audio, Games, Movie & TV и Other). Значи, влезете во секоја од категориите и таму ќе ги пронајдете апликациите, во кои се наоѓа одделот Cache, кој би требало да го испразните. Немојте да ја пипкате опцијата Clear storage, бидејќи на тој начин ќе ги избришете податоците од апликациите, кои веројатно сакате да ги задржите на телефонот и во рамките на апликациите

Кога ќе кликнете на Clear the Cache или Free up space во рамките на секоја апликација, ќе го избришете отприлика назначениот дел од меморијата, која ја заземаат кешираните податоци на апликација. Секоја апликација создава одредено количество кеш податоци, кое можете да го избришете и на тој начин брзо да ослободите дел од меморијата, а посебно многу кеш меморија создаваат интернет прегледниците – Chrome, Firefox, Vivaldi, Opera и други, кои креираат и по неколку стотици негабајти податоци, ако не го чистите телефонот редовно.

Празнењето на кеш меморијата треба да ви биде рутина, која ја повторувате редовно, бидејќи што ќе ја испразните таа повторно се пополнува и на тој начин не ја оптоварува само вкупната меморија, туку и перфомрмансите на телефонот. Секако, да нема забуна – не се пополнува кешот во недоглед, туку до одредена граница, по што новите фајлови се запишуваат преку најстарите постоечки за таа апликација.

Доколку вашиот телефон доаѓа со чистач на меморија, слободно препуштете му ја оваа пракса – подесете го да ја чисти кеш меморијата редовно или тоа вие правете го еднаш неделно за телефонот да го сочувате брз и растоварен.