Sony го претстави својот нов телефон Xperia, чиј заден дел многу наликува на дизајнот на уредите на Google.
Sony официјално го претстави новиот паметен телефон Xperia 10 VII, а она што веднаш привлече внимание беше дизајнот на задната страна што наликува на серијата Google Pixel.
Највпечатлива карактеристика е хоризонталната лента на камерата, концепт што Google го популаризираше со моделот Pixel 6.
Новиот уред Xperia има 6,1-инчен OLED екран со FHD+ резолуција и брзина на освежување од 120 Hz, додека процесорот Snapdragon 6 Gen 3 е одговорен за перформансите, во комбинација со 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија, со можност за проширување со microSD картичка.
Sony продолжува да се потпира на своите препознатливи предности: приклучок за слушалки од 3,5 mm, стерео звучници на предната страна и издржлива батерија од 5.000 mAh, за која компанијата тврди дека може да трае до два дена.
Xperia 10 VII доаѓа во неколку бои, вклучувајќи бела, јаглен и тиркизна, а цената на европскиот пазар е 449 евра. Продажбата започнa на 19 септември, додека лансирањето во САД не е планирано.
Иако не е водечки телефон, новиот модел е наменет за клиенти кои бараат сигурен уред од средна класа со карактеристики што ретко ги гледаме кај конкуренцијата.
Поврзани артикли