Новите модели на iPhone што ќе бидат претставени оваа година, ќе имаат подобрени селфи камери.

Познатиот и респектабилен аналитичар Минг-Чи Куо истакна дека новите модели на iPhone ќе имаат значително подобри предни камери, кои ќе снимаат поквалитетни фотографии во услови на слаба светлина. Додаде дека компанијата од Купертино сегашната селфи камера од 7 мегапиксели ќе ја замени со камера од 12 мегапиксели, што ќе биде еднакво на бројот на мегапиксели на задната камера.

Во неговиот извештај се наведува дека Apple ќе поработи на тоа предната камера подобро да се вклопи во надворешниот дел од уредот, а тоа Samsung веќе го прави, криејќи ги камерите во рамките. Тоа не значи дека се целосно невидливи, но се потешко воочливи.

Освен на предната, се очекува подобрување и на задните камери. Следната верзија на iPhone XR ќе има две камери, што значи додаток на телефото камера. Тоа ќе биде прв пат Apple да смести две задни камери во основниот модел на iPhone. Токму за тоа пишува и The Wall Street Journal. Куо предвидува и повеќе пиксели, што исто така би можело да резултира со подобри перформанси на камерата во услови на лошо осветлување.

Најголеми преомени на камерите ќе доживеат наследниците на моделите XS и XS Max. Овие модели ќе добијат трета камера со супер широк агол, што ќе биде додаток само кај премиум уредите.