Huawei P40 и P40 Pro ќе бидат претставени преку онлајн настан на 26. март, а две недели пред презентацијата, грчки сајт тврди дека информации за цените на телефоните.

Според наводите на неименуван интерен извор, стандардниот P40 со 128GB простор за складирање, ќе има цена од 849 евра, додека Pro варијантата со 256GB складирање ќе чини 1139 евра.

Посебен извештај, кој пристигнува од Кина, споменува дека P40 со 8GB RAM и 128GB простор за складирање ќе чини 999 евра, додека 100 евра повеќе ќе биде потребно за моделот со двојно повеќе простор за складирање податоци.

Ќе постои и верзија со 256GB интерна меморија и 8GB RAM, која ќе чини 1249 евра.

Се очекува дека целосната Huawei P40 линија ќе пристигне во Грција во текот на април, заедно со неодамна објавениот Xs флексибилен смартфон. Ова сугерира и дека остатокот од Европа ќе ги добие телефоните во текот на следниот месец.

Споменатите цени и достапноста не се официјално потврдени од компанијата Huawei, па наведените информации треба да се земат со резерва.