Samsung Galaxy S25 Edge ќе биде официјализиран следниот месец, а се очекува да биде доста тенок.

Samsung се подготвува да го претстави својот телефон Galaxy S25 Edge, а се почесто се појавуваат нови гласини. Меѓу нив има информации дека S25 Edge ќе има дебелина од 5,84 милиметри.

Многумина се прашуваат што да очекуваат од овој телефон кога станува збор за издржливоста, со оглед на гореспоменатите информации за неговата дебелина.

Според Аника Бизон, потпретседател на Samsung за производи и маркетинг во Mobile Experience (MX) дивизијата, форматот на телефонот нема да биде пречка за неговата издржливост.

Иако не беа објавени конкретни детали, Бизон во својата изјава посочи дека Galaxy S25 Edge може да донесе нешто ново кога станува збор за издржливоста.

Гласините споменуваат дека телефонот има керамички заден дел. Керамиката е поотпорна од стаклото и може да се користи во комбинација со метална рамка, што ќе му помогне на S25 Edge да се претстави добро на популарните тестови за издржливост.