Samsung Display објави дека почнува со комерцијализација на својата трета генерација флексибилни OLED панели, што нудат најмал радиус закривување во споредба со било кое друго решение на светот.

Споменатиот модел е веќе применет на Galaxy Z Fold 2 5G, што овој телефон го прави прв комерцијален уред кој го имплементира ова решение. Новиот флексибилен панел на Samsung Display има дијагонала од 7.6 инчи и нуди резолуција од 2208 x 1768 пиксели.

Компанијата го нарекува новиот производ „1.4R foldable OLED display“, а во него е вградено и UTG (Ultra Thin Glass) решение. Сертификуван е за 200.000 свиткувања на панелот од Bureau Veritas, глобална агенција која ја верификува издржливоста и силата на материјалот на новите флексибилни панели.

Покрај сето наведено, се тврди и дека новиот панел нуди најмали нивоа на емитување на сино светло во индустријатa (6,5%). Исто така, помалиот отвор помеѓу двете половини на дисплејот обезбедува дека ќе постојат помали шанси некои залутани објекти, прашина и други честички да се заглават во празниот простор, со што се минимизира штетата.