Apple користеше сосема нови сензори за Pro моделите од iPhone 13 линијата, вклучувајќи поголеми сензори за главната камера. Дури и iPhone 13 mini доби сензор со 1,7 µm пиксели и стабилизација при префрлување.

Ова им помогна на споменатите модели да постигнат солидни резултати на тестот за камера DxOMark – iPhone 13 mini дури успеа да се изедначи со моделот iPhone 12 Pro Max во однос на резултатите.

Apple iPhone 13 Pro постигна вкупен резултат од 137 поени, што го става на четвртото место според вкупните резултати (зад телефоните Huawei P50 Pro, Mi 11 Ultra и Mate 40 Pro +). Со фото резултат од 144 поени, телефонот е меѓу најдобрите.

DxOMark најмногу го пофали iPhone 13 Pro во поглед на подобар приказ на детали на фотографиите, додека новиот 3х објектив нуди подобро зумирање во споредба со минатогодишниот модел, а подобрени се и контрастот и бојата.

Кога станува збор за видео снимањето, iPhone 13 Pro постигна 119 поени. Видео записите снимени од камерата имаат широк динамичен опсег на мапирање бои, а автофокусот е подобрен во споредба со претходната генерација.

Целосниот DxOMark тест на камерите за iPhone 13 Pro 5G е достапна овде, додека тестот на камерите за iPhone 13 mini моделот е достапна тука.