Rockstar ја објави цената за PC верзијата на видео играта Red Dead Redemption.
Иако овој наслов е стар 14 години, Red Dead Redemption ќе чини 49,99 евра за компјутер – исто како и за Sony PlayStation 4, PlayStation 5 и Nintendo Switch.
Оваа цена на многумина им пречеше минатата година кога беше објавена за некои од конзолите каде што не може ни да се игра RDR.
Најевтиното издание на RDR сепак е она што излезе за Xbox 360, а неговата цена е 30 евра.
Сепак, треба да се напомене дека оваа верзија не доаѓа со експанзијата Undead Nightmare – таа се продава посебно, а играчите треба да платат 10 евра за неа.