Xiaomi претходно во текот на оваа година го претстави достапниот Redmi 9A со голем екран и батерија, до 3GB RAM и 32GB простор за складирање. Телефонот потоа е објавен во Индија, под името Redmi 9i, а имаше 4GB RAM и 64GB простор за складирање.

Сега компанијата дополнително ја зголеми количината на меморијата на телефонот, па Redmi 9A добива верзија со 6GB RAM и 128GB простор за складирање податоци, по цена од околу 145 долари.

Redmi 9A на задната страна има само една камера од 13MP со f/2.2 отвор на блендата и поддршка за 1080p снимање на видео. Од предната страна, исто така, се наоѓа една селфи камера сместена во засек, со 5MP сензор.

Телефонот го покрекува Helio G25 чипсет, а има и 5.000 батерија со поддршка за 10W полнење преку USB-C порт.