Хакерскиот колектив Анонимус ја објави на Твитер веста за новиот успешен напад врз Русија.

Добротворното крило на Руската православна црква претрпе хакерски напад од колективот Анонимус, а хакерите се пофалија на Твитер дека украле и разоткриле 15 гигабајти украдени податоци и дека објавиле околу 57.500 мејлови преку DDoSecrets.

Поради природата на податоците, тие засега се нудат само на новинари и истражувачи, се вели во соопштението, како на Twitter, така и на порталот DDoSecrets.

Хакерскиот колектив Анонимус досега успеа да создаде голем хаос во сајбер нападите врз дигиталната инфраструктура на Русија. Освен што „играа“ со семафорите во Москва, хакираа камери и принтери низ Русија, а објавија и 35.000 датотеки и тајни договори на Централната банка на Русија.