Во првиот квартал од 2024 година се произведени вкупно 296 милиони паметни телефони, што претставува раст на производството од 18,7 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Неодамнешниот извештај на Trendforce открива силен раст од 18,7 отсто на годишно ниво во производството на паметни телефони во првиот квартал од 2024 година, со вкупни испораки од 296 милиони единици.
Имено, на пазарот во првиот квартал од оваа година доминираше Samsung и произведе 59,5 милиони телефони. По него следат Apple, Xiaomi, Oppo (вклучувајќи ги OnePlus и Realme), Transsion (Infinix, Tecno, iTel) и vivo. Заедно, овие брендови сочинуваат 80 отсто од глобалниот пазар на паметни телефони, а Samsung држи дури 20 отсто од вкупниот удел.
Во продолжение погледнете ја табелата со конкретни бројки на телефони произведени во првиот квартал од оваа година.
🌟 Shipments and market share data of the top 6 smartphone manufacturers newly released! More insights on global smartphone production units in the upcoming quarter, amid inflation and geopolitical conflicts, from #TrendForce! 💡More: https://t.co/yoTV4E7p11 🔗
— TrendForce (@trendforce) June 14, 2024
Но, и покрај ваквиот раст, од Trendforce велат дека тоа е последица на многу ниското производство на почетокот на 2023 година, така што бројките од вториот квартал на 2024 година ќе бидат пореални, а соодветно и веројатно – помалку.