Најновите податоци на аналитичката компанија Canalys покажуваат дека во првиот квартал биле испорачани 13 отсто помалку паметни телефони отколку во истиот период минатата година.

Пазарот на паметни телефони продолжува да опаѓа. Според последните податоци на Canalys, во првиот квартал од оваа година биле испорачани 269,8 милиони телефони, што претставува пад од 13 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Кога се гледа бројот на испораки, најмногу имал Samsung, дури 60,3 милиони, што најмногу се должи на новата серија на телефони Galaxy S23, како и некои надградби во поевтината А серија. На второ место е Apple со 58 милиони испораки, Xiaomi е на третата позиција со 30,5 милиони, додека на четврто и петто место се Oppo и Vivo со 26,6 и 20,9 милиони испорачани телефони, соодветно.

Според уделот на пазарот, Samsung е на прво место со 22 отсто, Apple е втор со 21 отсто, а Xiaomi е трет со 11 отсто. Следат Oppo со 10% и Vivo со 8% удел на пазарот.

„Canalys очекува пазарот на паметни телефони да добие импулс во втората половина од годината, бидејќи залихите ќе достигнат подобри нивоа. Продавачите внимателно му пристапуваат на пазарот со цели за профитабилност, заштеди и расчистување на залихи како врвни приоритети“, забележуваат аналитичарите и посочуваат дека пазарот ќе наскоро ќе го достигне нивото од 2022 година.