Vivo официјално го претстави V21e 5G телефонот, кој дебитира на индискиот пазар. Пред ова, во април беше објавена стандардна верзија на V21e телефонот, без поддршка за 5G.

Vivo V21e 5G доаѓа со MediaTek Dimensity 700 чипсет, има 6,44-инчен 1080 x 2400p AMOLED екран со брзина на освежување на екранот од 60Hz и селфи камера од 32MP. На задната страна има 64MP главен сензор и 8MP ултраширока камера.

Телефонот го напојува батерија од 4000mAh, со поддршка за полнење до 44W. V21e 5G е достапен во Sunset Jazz и Dark Pearl боите, а работи на Android 11 со Funtouch OS 11.1 интерфејс. Сензорот за отпечатоци од прсти е вграден во дисплејот.

Vivo V21e 5G се продава преку онлајн продавницата на компанијата, Amazon и Flipcart, по цена од околу 340 долари за единствената варијанта со 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање.