Елизер Јудковски, познат истражувач и експерт за вештачка интелигенција, зборуваше со ново предвидување за иднината на човештвото.
„Ако ме ставите до ѕид и ме натерате да понудам веројатности за некои работи, имам чувство дека нашето преостанато време во моментов изгледа повеќе на пет години отколку на 50 години. Може да биде две години, може да биде 10“, изјави Јудковски во неодамнешното интервју за Гардијан.
„Тешкотијата е што луѓето не разбираат. Имаме мали шанси човештвото да преживее“, рече тој
AI May Destroy Humankind in Just a Two Years, Expert Says https://t.co/gpoiFRyip1
— Futurism (@futurism) February 18, 2024
Јудковски, кој е основач на Институтот за истражување на машинската интелигенција во Калифорнија, верува дека технологијата најверојатно ќе претставува егзистенцијална закана.
Неговите забелешки се секогаш провокативни, а оние кои го следат развојот на вештачката интелигенција можеби се сеќаваат на минатата година, кога Јудковски повика на бомбардирање на центрите за податоци за да се запре подемот на вештачката интелигенција.
Тој го преиспита тоа конкретно тврдење и изјави за Гардијан дека сè уште стои на идејата за бомбардирање на центрите за податоци, рече, но повеќе не верува дека нуклеарното оружје треба да се користи за нивно уништување.
Поврзани артикли