HTC ја претстави својата платформа под името Vive Sync, која овозможува одржување на виртуелните деловни состаноци. Платформата се развива уште од 2018. година, а сега е бесплатна за сите бизниси.

Искуството на користење на Vive Sync би требало да им биде познато на сите кои претходно користеле VR апликации. Најпрвин е потребно да се направи Vive Sync аватар, почнувајќи од селфи фотографијата, а потоа следуваат дополнителни подесувања кои се однесуваат на фризурата, изгледот на лицето, типот на одело, облека и слично. Во иднина ќе бидат достапмни нови опции.

Аватарот изгледа прилично живо, а VR уредот кој го носи корисникот ги следи движењата на телото, устата и очите и поради тоа аватарот ги имитира реалните движења на корисникот. На корисниците со Vive Pro Eye headset ќе им бидат следени движењата на очите, што ќе се пренесува и на аватарот.

Виртуелните состаноци на Vive Sync платформата се интегрирани со другите бизнис алати како што е OneDrive, што значи дека корисникот може да објавува PDF фајлови, видео записи и 3D модели во виртуелното опкружување.

Платформата засега поддржува до 30 учесници по состанок, а сите мораат да носат Vive headset уреди, чија цена се движи од 549 до 1000 долари.

Планирано е во иднина платформата да не бара поседување на вакви head-сети, состаноците да можат да се снимаат и да постојат повеќе контроли за домаќинот, пишува Mashable.