Најпопуларната видео платформа, YouTube, е најновото место каде хакерите се обидуваат да измамат корисници.
Имено, во моментов се во тек сајбер-напади во кои измамниците ги хакираат сметките на јутјуберите, а потоа објавуваат видеа во кои им препорачуваат на корисниците да преземаат пробиен софтвер.
Се разбира, зад овој „крекуван софтвер“ не стои ништо како што се рекламира, туку малициозен софтвер кој краде информации наречен Lumma Stealer.
„Обично тоа се видеа во кои на гледачите им се препорачуваат кракнати апликации, се нудат водичи за инсталација и слично, а штетните врски се скратуваат со помош на сервиси како TinyURL или Cuttly“, велат од компанијата „FortiGuard Labs“, која исто така предупреди на овие напади.
Честопати се нудат наводни кракнати верзии на популарни програми како Vegas Pro или слични, а кога ќе се отпакува датотеката .zip, всушност добивате вирус кој може да украде информации како кориснички имиња, лозинки и други детали.