Британските регулатори го одобрија купувањето на Activision Blizzard од страна на Microsoft за 68,7 милијарди долари.
Британската управа за конкуренција и пазари (CMA) одлучи дека договорот може да се реализира откако Microsoft неодамна го реструктуираше договорот за пренос на правата за cloud игри и новите наслови на Activision Blizzard на Ubisoft.
Оваа одлука го отвора патот за затворање на договорот, сега кога британскиот регулатор даде зелено светло.
„CMA одлучи да даде согласност за преземање на Activision Blizzard од страна на Microsoft Corporation, исклучувајќи ги правата за cloud стриминг на Activision надвор од Европската економска област (EEA)“, се вели во соопштението на CMA.
CMA исто така го опишува купувањето на Microsoft како потег кој „ќе ја промени играта и ќе промовира конкуренција во cloud гејмингот“.
„Со продажбата на правата на Ubisoft, се погриживме Microsoft да не може да има монопол на овој важен и брзорастечки пазар“, рече Сара Кардел, извршен директор на CMA.
„Оваа интервенција ќе им овозможи на луѓето да добијат поконкурентни цени, подобри услуги и поголем избор. Ние сме единствената агенција за конкуренција на глобално ниво што го постигна ова“, додаде таа.