Покрај преклопливиот модел Mate X5, Huawei ја претстави и надградената верзија на Mate 60 Pro, наречена Mate 60 Pro+.
Само неколку дена пред традиционалниот настан, на кој Apple ја претстави новата серија на iPhone, Huawei малку изненади со претставувањето на својот нов телефон на преклопување.
Mate X5 беше претставен тивко и без преголема помпа во Кина, а според пишувањата на кинеските медиуми, тоа е вториот уред на Huawei кој поддржува 5G технологија.
Huawei Mate X5 pic.twitter.com/IRn7YFsBKx
— Alvin (@sondesix) September 8, 2023
Nikkei Asia известува дека Mate X5, како и Mate 60 Pro претставен пред повеќе од две недели, предизвика голем интерес кај кинеските корисници.
„Најдобар телефон на преклопување сепак ќе биде Huawei“, напиша Ричард Ју, шеф на потрошувачката бизнис група на Huawei, во објава на кинеската социјална мрежа Weibo.
Она што е од особен интерес за американската влада е од каде потекнуваат чиповите за 5G на Huawei, кога со години е под американски санкции и ѝ е забранет пристапот до добавувачите на таква технологија.
Но, според различни медиуми кои внимателно го разгледаа Mate 60 Pro, се чини дека Huawei развил сопствен чип базиран на Kirin. Тој е произведен од Semiconductor Manufacturing International Co (SMI), кој исто така е на црната листа на американската влада поради „загриженост за националната безбедност“.
Што се однесува до спецификациите на новиот телефон Mate X5, се наведува дека има 6,4-инчен надворешен и 7,85-инчен внатрешен дисплеј. Има систем за тројна камера на задната страна која има главна камера од 50 MP и селфи камера од 8 MP на предната страна. Сето тоа се напојува со батерија од 5060 mAh и работи со оперативниот систем Harmony на Huawei.
Покрај преклопливиот модел Mate X5, Huawei ја претстави и надградената верзија на Mate 60 Pro, наречена Mate 60 Pro+.
Mate 60 Pro+ има 6,82-инчен OLED екран со FHD+ резолуција, 12GB RAM и до 1TB простор за проширување. Се напојува со HongmengOS 4.0 на Huawei. Има систем за тројна камера на задната страна: главна 50 MP, ултра широка 12 MP и супер макро телефото камера од 48 MP. На предната страна има селфи камера од 13 MP. Сето тоа се напојува со батерија од 5000 mAh. Цената на кинескиот пазар е 6999 јуани или околу 900 евра.
Засега не се знае цената на Mate X5, како и дали телефоните ќе бидат достапни надвор од Кина.
Аналитичарот на Yuanta Investment Consulting, Лиза Чен, изјави за Nikkei Asia дека развојот на сопствен 5G чип е голем чекор за Huawei, па ќе биде интересно да се види дали Huawei ќе воведе повеќе модели 5G или ќе се фокусира на поевтини модели за да го зголеми својот удел на пазарот. .