Благодарение на најновата технологија која што открива употреба на мобилни уреди, возачите кои што користат телефон додека возат, наскоро би можеле да бидат казнети и без да го знаат тоа.
Новиот софтвер ќе биде инсталиран на веќе постоечките статички камери сместени на автопатите и раскрсниците во Австралија.
Не само што благодарение на овој софтвер камерите ќе можат да детектираат упореба на телефон од страна на возачот додека автомобилот е во движење, камерите ќе бидат опремени и со софтвер кој автоматски на возачите на домашна адреса ќе им ги испраќа казните, без посредување на полицијата.
Министерката за сообраќај на Нов Јужен Велс го побара ова практично технолошко решение кое што експресно влезе во законот, со цел да биде решен проблемот околу користењето на паметните телефони од стран на возачите додека управуваат со автомобилот.
Ова е прва австралиска сојузна држава која што ги воведува ваквите камери, а според многумина, сега прашање е на време кога ваквите технолошки напредни камери ќе започнат да се користат и во западноевропските земји.
Инаку, само во текот на минатата година кога се тестирал софтверот, една камера за само пет часа регистрирала дури 270 возачи кои што користеле телефон додека управувале со автомобилот.
Поврзани артикли