Очекуваното ажурирање, Redstone 5, може да биде најновото поголемо ажурирање на Windows 10, а потоа Microsoft да објавува само мали надградби, главно поврзани со безбедноста на оперативниот систем.

Шефот на компанијата, Сатја Надела претходно овој месец го најави развојот на најпопуларната десктоп платформа во интервју за „Блумберг.“ Во исто време, компанијата планира да издаде „лесна“ верзија на Windows 10, наречена Lean, информација која се појави од програмер, кој инсталирал бета верзија на Windows 10 со Redstone 5.

Учесникот во програмата за тестирање забележал во изборот на оперативниот систем новиот Windows 10 Lean, кој е 2GB полесен од другите дистрибуции. Во неа се отстранети непотребни во некои случаи датотеки, драјвери за CD и DVD, теми, итн., кои корисникот не ги користи, особено ако има модерен лаптоп без оптички диск.

Можно е Microsoft да развива Windows 10 Lean за послаби канцелариски компјутери. Генерално, функционалноста на „лесната“ верзија не се разликува од онаа на другите платформи, но има значително помал обем.

Самиот Windows 10 може наскоро да отстапи место на друга платформа, ако се суди по изјавата на Сатја Надела пред „Блумберг“ претходно овој месец. Според неговите зборови, Windows 10 веќе не се појавува како клучен производ и програмерите вклучени во развојот на платформата, се пренасочуваат кон нови проекти.

Оттука доаѓаат претпоставките дека Redstone 5 ќе биде последната голема надградба на оперативниот систем. Следните ажурирања најверојатно ќе се однесуваат главно на безбедноста на Windows 10.

Во моментов, сепак за наследникот на Windows 10 не се знае ништо.