Во текот на вчерашниот ден, интернетот беше преплавен со информации дека Samsung им испратил на своите корисници чудна нотификација преку апликацијата Find My Mobile. Сè уште никој не знае за што навистина станува збор и која е причината за овие пораки.

Еден дел од сопствениците на Samsung Galaxy уредите добиле известување во апликацијата Find My Mobile во која пишувало 1. Па, после него, повторно 1. Се чини дека дошло до некоја грешка, па се чека и официјално соопштение на компанијата Samsung.

Оваа грешка се појавила и на најновиот телефон  Galaxy Z Flip, кој до уредникот на порталот The Verge дошло поради тестирање. Вака чудни грешки не се врзани само за Samsung, имало и порано примери.

Samsung се извини за ненамерната грешка

Samsung упати извинување до своите корисници откако по грешка испрати порака со итно известување до илјадници уреди во текот на ноќта.

Во соопштението, Samsung вели дека нотификацијата била испратена „ненамерно“ и на „ограничен број“ уреди.