Потврдено е дека го намалува ризикот од потешки форми на заболување и смртниот исход кај ковид пациентите 

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) по итна постапка одобри лек против Ковид-19 на компанијата „Илај Лили“ заснован на комбинација на антитела, соопштено е денеска.

Според резултатите од доцната фаза на испитување, потврдено е дека терапијата со овој препарат на компанијата „Илај лили“ се заснова на примена на две антитела кои за 70 отсто го намалуваат ризикот од потешки форми на заболувањето и смртен исход кај ковид пациентите, пренесе Ројтерс.

Во клиничкото испитување на пациентите со Ковид-19 со висок ризик за прогресија на болеста, поединечна инфузија со антителата бамланивамб и етесевинаб, применети заедно, значително се намалила хоспитализацијата и смртта во врска со Ковид-19 во текот на 29 дена следење во споредба со плацебо.

Сигурноста и ефикасноста на оваа терапија за употреба во лекување на Ковид-19 и понатаму се проценуваат.

„Примената на овој препарат е дозволена за лекување умерени и средно тешки симтоми кај пациенти од 12 годишна возраст и повеќе, кои се подлежни на ризик или се веќе во болница“ стои во соопштението на компанијата „Илај Лили“.

Извор: Telegraf.rs