Метеороид со големина од еден метар ја погоди атмосферата на Земјата над северна Франција.
На социјалните мрежи се појавија снимки од овој природен феномен, кои привлекоа големо внимание.
WATCH: Meteor lights up the sky in northern France pic.twitter.com/WFJV6sIsck
— BNO News Live (@BNODesk) February 13, 2023
Ударот се случи околу 04 часот утрово по наше време.
Метеороидот 2023 CKS1, порано познат како Sar2667, се распадна над Ла Манш во близина на Нормандија.
Беше откриен само седум часа пред ударот, од унгарскиот астроном Кристијан Шарнецки, во опсерваторијата во планините Матра, во Унгарија. Метеороидот првпат бил виден кога бил оддалечен околу 233.000 километри од Земјата.
Meteor lights up the sky of France, as seen from Paris pic.twitter.com/9RphBdkQIw
— BNO News Live (@BNODesk) February 13, 2023
„Еве што прави метеор од само еден метар на небото? Леле, неверојатно!“, гласеше еден од коментарите на воодушевените корисници.
„Што не е во ред со небото?“, праша еден корисник.
Nа 15 февруари 2013 година, астероид со дијаметар од околу 20 метри влезе во атмосферата на Земјата.
Се движеше со брзина од 19 километри во секунда кога експлодираше, на само околу 30 километри над градот Челјабинск во Русија.
Експлозијата имаше 20 до 30 пати повеќе енергија од атомската бомба фрлена врз Хирошима. Овој регион се наоѓа на околу 1.500 километри источно од Москва.