Примероците од почвата на астероидот Ryugu ги надминаа очекувањата на јапонските научници.

Научниците ги опишуваат примероците како парчиња јаглен и црн песочен прав, собрани од астероидот Ryugu, оддалечен околу 300 милиони километри од Земјата. Примероците беа донесени на Земјата со помош на јапонската вселенска сонда Hayabusa 2, која неодамна се врати на Земјата.

Примероците се со големина до еден сантиметар и тврди како камен, додека помалите се црни, песочни гранули налик на прав, кои сондата ги собирала и враќала одделно.

Примероците земени од астероидот се резултат од шестгодишното вселенско патување на сондата.

„Песочните гранули кои Јапонската вселенска агенција ги проучуваше минатата недела беа од првото слетување на леталото на астероидот во април 2019 година, додека поголемите парчиња се од делот предвиден за второто спуштање на Ryugu, изјави Томохиро Усуи, научник од Агенцијата.

Усуи истакна дека разликите во големината на примерокот сугерираат различна цврстина на карпестата почва на астероидот.

Научниците се надеваат дека собраните примероци ќе им овозможат увид во потеклото на Сончевиот Систем и потеклото на животот на Земјата. По студиите во Јапонија, некои од примероците ќе бидат доставени до НАСА и другите меѓународни вселенски агенции за натамошно истражување