Volkswagen Golf 8 за 2022 година има освежен мултимедијален систем кој сега работи побрзо и значително подобро.

Осмата генерација на Volkswagen Golf, опремена со ажуриран инфозабавен систем, ќе влезе во сериско производство во наредните недели. Вградената мултимедија сè уште се базира на системот MIB3, но е значително подобрена во однос на досега користената. Новиот инфозабавен систем има четири-јадрен главен процесор и изменета графичка картичка, а звукот се должи на дополнителен дигитален процесор.

Овие промени значат дека компјутерската моќ на уредот е зголемена за околу 25%, додека графичката картичка обезбедува 3 пати повисоки перформанси. Во пракса, тоа за корисникот значи дека по стартувањето на автомобилот, гласовната контрола и навигацијата ќе бидат достапни многу побрзо од претходно. Ако се внесе дестинација за навигацијата, списокот со резултати ќе се генерира за помалку од пет секунди.

Благодарение на подобрената гласовна контрола, која побрзо ги препознава командите и реагира попрецизно, новиот Golf станал интелигентен соговорник. Сега, се што треба да направите е да кажете „Здраво Volkswagen“ за да го активирате системот за гласовна контрола. Системот може да разбере и други команди, како што се „Ми студи“ или „Каде можам да најдам италијански ресторан во Сараево?“. Благодарение на вградените микрофони, компјутерот може да препознае дали командите ги дава возачот или совозачот, што е важно, на пример, за поставките за климатизацијата. Покрај тоа, новиот систем може да поставува прашања и да дозволи да биде прекинат.

За крај, вреди да се спомене дека новиот софтвер може да се инсталира и во веќе испорачани автомобили. Од почетокот на следната година Volkswagen ќе ги информира клиентите за оваа можност, а самото ажурирање ќе биде бесплатно и доброволно.