Популарниот издавач на игри се наоѓа во многу лоша финансиска состојба, што влијае на плановите на компанијата за развој и објавување игри.
Ubisoft ја откажа најавата за уште три игри, откако четири наслови беа затворени минатото лето. Покрај тоа, компанијата повторно го одложи објавувањето на играта Skull and Bones, која многумина имаа можност да ја пробаат во 2017 година за време на саемот E3.
Оваа симулација со пирати требаше конечно да пристигне на 9 март, но Ubisoft ја одложи до почетокот на својата фискална година 2023/24, која започнува во април. Ова е шесто јавно познато одложување за Skull and Bones.
Во меѓувреме, компанијата исто така ја намали својата финансиска проекција за последниот квартал од минатата година (октомври-декември), истакнувајќи дека се соочува со променета динамика на пазарот фокусирана на „мега брендови“ и игри кои траат вечно, со влошување на економските услови кои влијаат на потрошувачите.
Ubisoft планира да се фокусира на помалку игри во иднина. Заедно со Skull and Bones, нè очекуваат Assassin’s Creed Mirage, Avatar: Frontiers of Pandora, како и неколку бесплатни наслови.