Жителите на Бурса, Турција утрово беа изненадени од необичен розов облак кој се појави на изгрејсонце. Иако изгледа како да крие вонземско вселенско летало зад себе, всушност се работи за природен феномен, односно леќеста (лентикуларен) облак.

На социјалните мрежи брзо се појави снимка од овој облак со коментари дека наликува на НЛО.

„Многу интересно, исто како филмот Alien“, напиша еден корисник на Твитер.