Популарната апликација Телеграм ја објави својата најнова надградба на крајот на минатата година, па во новата година влезе со голем број на нови функции.
Новите функции вклучуваат форматирање спојлер за медиумска содржина (фотографии, видео), нови алатки за цртање, подобро управување со складирањето податоци и многу повеќе.
Покрај постојното форматирање спојлер за текстуална содржина, Telegram сега додаде создавање спојлери за фотографии и видеа. Се прикажува како сјаен слој со заматен дел над содржината, а неговата цел е да ја сокрие содржината додека корисникот не кликне на неа.
Новите опции за управување со просторот вклучуваат конфигурирање на посебни поставки за автоматско отстранување на кешираната содржина во рамките на Private Chats, Groups и Channels.
Апликацијата сега има и ажурирани алатки за цртање, со нова blur алатка и пет алатки за прецизна боја. Големината и фонтот на текстот, како и позадината, може да се менуваат кога ќе се додаде нова фотографија или видео, а прилагодените емотикони се достапни за корисници кои немаат претплата на Telegram Premium.
Сега е можно да поставите и приспособена фотографија на профилот за контакти, а тоа ќе ви биде прикажано само вам. Дополнително, може да имате јавна фотографија на профил за вашата сметка, која може да се разликува од онаа што ја имате за вашите контакти.
Други промени вклучуваат нови анимации за напредок на Android кога ќе се префрлите на одреден дел од разговорот, 10 нови анимирани емотикони, како и емотикони кои се поинтерактивни, вклучувајќи 🎅🎄☃️💅🗿🆒🤪.
Најновото ажурирање на Telegram е достапно за корисниците на апликацијата Android и iOS.
Поврзани артикли