Ако сегашната темно сина тема на апликацијата Viber баш и не ви одговара – Viber има уште потемна, сосема нова црна тема!

Со најновото ажурирање, пристигнува и нова темна тема за Viber апликацијата, таканаречена Dark mode. За да ja активирате, треба веднаш да го ажурирате Viber за Android или iOS.

Црното е ново темно, ќе ве позрави слика веднаш штом ќе ја стартувате апликацијата, доколку имате соодветна верзија на Viber. Кликнете на сликичката и изберете ja класична тема (бела), темно сина (досегашанат) или црна (нова достапна тема).

Веднаш под таа поставка, имате можност да го промените и изгледот на позадината во разговорите, но оваа опција ни не работи во овој момент. Дали е само до нашата верзија на апликацијата или оваа опција ќе биде накнадно активирана, ќе дознаеме наскоро. Во секој случај, на располагање во моментов ви се фотографиите од меморијата на телефонот и фотографии што можете да ги направите со камерата на вашиот телефон (предна или задна).

Ако во некој случај не ја гледате сликичката за новата тема, а сакате да ја користите и сте ја ажурирале апликацијата по читањето на оваа вест, одете во Поставки > Изглед > Изберете тема и така можете на ист начин да го промените изгледот на темната тема за апликацијата Viber.

Верзијата на апликацијата, во која се појавува порака и можност за користење на новата боја на темната позадина за уредите со Android е Viber v11.7.0.