Социјалната мрежа Instagram за корисниците на својата апликација подготви два новитета, а тоа се портретниот мод наречен Focus и новиот начин на тагнување на пријателите во Stories со стикери.
Focus режимот е директен одговор на Instagram na портрениот начин кој е се попопулране и е дел од секој нов смартфон. Од компанијата е соопштено дека Focus модот ќе се најде веднаш под копчето за снимање, односно до режимот суперзум.
“Кога некој ќе биде во кадар, ќе забележите дека ќе остане во фокус, додека позадината благо ќе се замати. Едноставно направете фотографија или држете го копчето за снимање видео”, стои во соопштението.
Освен режимот Focus, корисниците добиваат и начин на тагнување на друг корисник на Instagram, а тоа вреди само за корисниците на уреди со iOS оперативниот систем. Стикерот @mention се наоѓа во менито, изберете го, пронајдете го корисникот кој сакате да го тагнете на фотографијата и тоа е се.
Надградбата која ги донесува овие новитети е веќе достапна, но за iPhoine 6S и поновите модели, како и за одредените уреди со оперативниот систем Android.