Објавена e шестата бета верзија на iOS 11 за развојните програмери, во која се прилагодени многу работи, видливи се промени на дизајнот, а и отстранети се разни грешки. Да погледнеме што ве чека ако одлучите да ја преземете оваа најнова верзија на iOS!

iOS 11 содржи многу нови функции, вклучувајќи го новиот FIle Manager, системот Drag & Drop, интерфејс што овозможува мултитаскинг, прилагодлив Control Center и Dock за iPad. Веќе пишувавме за тоа зошто е паметно да се причека со преоѓање на iOS 11. Кога беше објавена првата јавна бета верзија, објаснивме како можете да го инсталирате новиот iOS додека се уште е во развојна фаза, но и како можете да ја поништите оваа постапка и да се вратите на претходно инсталираната верзија.

Септември е се поблиску, па iOS 11 почнува да го добива својот конечен облик, но се уште има проблеми кои во Apple неуморно ги поправаат. Истовремено работат на усовршување на постоечките функции, а претставија и неколку промени во дизајнот. Во споредба со претходните надградби, овие промени сега многу подобро се забележуваат. Да погледнеме што е се ново!

  • Апликациите App Store и Maps добија нови икони (втората ја има локацијата на Apple Park)
  • Точките на иконата на апликацијата Reminders се вратија на своето изворно место
  • Иконата на апликацијата Clock исто така малку се промени, броевите станаа малку потемни
  • Шест фотографии од риби се отстранети од Live позадините, остататокот остана и ништо не ги замени рибите.
  • Поставките на автоматско осветлување префрлени се од Приказ и светлина во Прилагодување на екранот во Accesibility
  • Анимацијата на AirPods е надградена