Алатката на Facebook за креирање AR ефекти под името Spark AR сега им овозможува на сите да креираат филтри за лице и други ефекти и да ги користат за Instagram Stories.

Платформата претходно дозволуваше филтри само од одобрени креатори, но новиот апдејт им овозможува на сите да креираат и аплоадираат AR филтри на Instagram. Воведен е и Effect Gallery таб на профилите и им овозможува на уметниците да ги покажуваат своите креации.

Instagram воведе AR филтри во мај, 2016. година, а популарноста “експлодира” дури откако беа вклучени нови креатори во бета верзијата во октомври минатата година. Филтрите им помогнаа на AR креаторите да стекнат голем број следбеници, бидејќи ефекти можат да бидат додадени во корисничката камера кога корисникот го следи профилот на нивниот креатор. Кога корисникот го следи креаторот, ефектите од тој профил автоматски се прикачуваат во ефектите на камерата во Stories. Instagram ја додаде и “Browse Effects” опцијата за корисниците да можат да откриваат и испробуваат нови AR филтри.

Facebook претходно годинава најави дека Spark AR ќе излезе од бета на Instagram во текот на F8 конференцијата. Компанијата соопшти дека повеќе од милијарда луѓе користеле AR ефекти креирани со помош на Spark AR платформата, вклучувајќи ги Facebook, Instagram, Messenger и Portal. Spark AR Studio софтверот е подржан и на Windows од април. Сега е отворен за сите и се очекува голем избор на AR ефекти.