Со објавувањето на серијата iPhone 14, Apple официјално го прекина својот iPhone mini модел. Сега извештаите сугерираат дека деновите на основниот iPhone од 6,1 инчи се исто така одбројани.
Претходно се појави информација дека компанијата од Купертино подготвува модел на iPhone Ultra. Сепак, тоа не значи дека компанијата планира само да додаде нов телефон на линијата на iPhone.
Наместо тоа, гласините сугерираат дека Apple може да го прекине основниот модел на iPhone од 6,1 инчи. Оваа информација веќе предизвика бројни негодувања и протести на Твитер, кај корисниците и медиумите.
Некои од нив истакнуваат дека моделите на iPhone Pro Max се веќе преголеми. Во моментов, основниот модел е единствениот вистински компактен премиум телефон во опсегот на Apple што го претпочитаат корисниците. Така што не е изненадување што има голем број на оние кои се против уште еден голем модел на iPhone.
Постои можност Apple да го пушти iPhone 15 Ultra со некои ексклузивни карактеристики, како и користење на премиум конструкција од титаниум.
Споменатата информација се уште е само во доменот на гласини, па засега е потребно да се земе со резерва.