Фановите на преклопните уреди на Motorola беа пријатно изненадени во декември кога директорот на Lenovo, кој е сопственик на легендарниот бренд, го најави доаѓањето на наследникот на оригиналниот телефон со преклоп, Razr од 2019 година, а сега се познати неговите индивидуални спецификации.

Motorola Razr 3 ќе има процесор Snapdragon 8 Gen 1 на Qualcomm и ова ќе биде прв пат телефонот на Motorola да работи со вистински флегшип процесор, бидејќи првите два модела ја користеа серијата 7 на Qualcomm.

Процесорот ќе биде поврзан со 6, 8 и 12GB RAM во зависност од саканата верзија и со 128, 256 и 512 GB простор за складирање.

Razr 3 , наводно, ќе користиFull HD+ AMOLED главен преклопен екран со стапка на освежување од 120 Hz, кој ќе има перфориран засек за селфи камера. Секундарниот екран ќе биде однадвор. Познато е и дека уредот ќе го користи оперативниот систем Android 12.

Motorola Razr 3 пристигнува на кинескиот, северноамериканскиот и европскиот пазар, а повеќе информации за смартфонот ќе бидат познати наскоро.